Триесетдневен притвор за таткото кој до смрт ја натепа двегодишната ќерка во Кичево
Објавено на 12 јануари, 2024 во 12:41
Судот во Кичево му одреди триесетдневен притвор за Ф.Д кој до смрт ја претепа својата двегодишна ќерка во Кичево.
Ф.Д на 18.12.2023 година околу 21 часот во неговата семејна куќа во Кичево ја натепал двегодишната ќерка при што и бил скршен черепот и ребрата и имала крварење во мозокот.
Детето било пренесено во Општата болница во Кичево, а потоа во Клиничкиот центар „Мајка Тереза” во Скопје каде, на 08.01.2024 починала.
Судија на претходна постапка при ОС Кичево, на Ф.Д. му одреди мерка притвор од 30 дена по што е спроведен во Казнено поправната установа „Затвор-Битола”.
Дума.мк