Дариа Нацева: „Целам кон тоа, секоја рачна изработка да е уникатна бидејки во секоја вложувам многу љубов а и талент од Бога“

И освен што не може  да се замислам денот да и помине без изработка на ракотворби Нацева има време и за музицирање како и за создавање на композиции што многу често ги изведува на клавир или на пијано. За крај слушнете една композиција од You Tube каналот на Дарија Арестова Нацева.

17 февруари, 2022

Креативната кавадарчанка Роса Мицајкова: Волнените рачни изработки се благодет од природата

Мицајкова вели дека токму предностите што секој може да ги почувствува кога на себе носи парче облека од природен материјал станале нејзина животна преокупација .

14 декември, 2021

Креативната велешанка Смиљка Крстевска со децении ниже „гердани од денови“

По ставањето на катанецот на влезната капија на велешка „Порцеланка“ велешанката Смиљка Крстевска дел од својот работен век го посвети токму на изборот на решение за лична самореализација.

27 ноември, 2021

Со монистра до „Везилка“ – креативен израз на велешанката Софија Лепојевиќ (Фото и Аудио)

Креативно изразување и создавање на рачни изработки, кога инспирацијата доаѓа во време што поголем број на сограѓанки го користат за гледање на телевизија, е карактеристика на велешанката Софија Лепојевиќ. Оваа шеесет и едно годишна креативна жена од монистра создава обетки и белезици како и со нижење и со ткаење декоративни сувенири. И тие се навистина итересни рачни изработки, по многу нешта уникатни, создадени како дел од македонската традиција добро позната и надвор од државата. На овој начин оваа креативна жена создава наративна уметност притоа потсетувајќи на едно минато време во коешто и децата, исто како и жените, обожуваа да ги носат како накит.

22 октомври, 2021

Срмена приказна за велешанката Нада Сарагинова од маалото кај „Стари фурни“ над Долни Дуќани (ФОТО и АУДИО)

Мојата прва изработка беше црквата Свети Наум, ја видов сликата и добив желба да ја изработам. Делото го изработив на 52 години и се до тогаш го криев мојот талент.  На платното прво ја нацртав, потоа на скицираното платно започнав да везам со срма и свилен конец.  Потоа продолжив да изработувам икони но инспирација ми даваат и убави слики, природа, животни. Се случува да станам од спиење и веднаш да почнам да цртам бидејќи платното постојано ми е на масата, додаде Сарагинова.

14 октомври, 2021