До крај на месец јули активна мерката за негователи/асистенти во Центар за вработување Велес
Мерката „Обука и вработување на лица за обезбедување услуги на грижа во домот и заедницата“ во Центар за вработување Велес е продолжена и ќе биде активна до крајот на месец јули, годинава. Сите евидентирани невработени лица коишто се заинтересирани за учество на обуките за негователи/асистенти и имаат завршено минимум основно образование можат да аплицираат.
Во соопштението на Агенција за вработување е објаснето дека обуките ќе се реализираат во период од три месеци во неколку модули од страна на верификувани спроведувачи и ќе бидат фокусирани на теоретски и практичен дел за следните занимања: Асистент за нега на лица со Алцхајмерова болест, палијативен неговател за нега на болни и изнемоштени лица, асистент за нега на лица со Мултиплекс склероза, неговател за стари и немоќни лица, неговател за лица со попреченост за испорачување на услугата одмена на семејна грижа, неговател за деца со попреченост за испорачување на услугата одмена на семејна грижа, личен асистент за лица со попречност.
-Невработените лица што ќе посетуваат обука ќе добијат месечен надоместок во висина од 11.000 денари, по лице со вклучени данок на личен доход и осигурување за инвалидност и телесно оштетување причинето со повреда на работа и професионална болест за времетраење на обуката од 3 месеци, додаваат од Агенција за вработување.
Заинтересираните невработени лица можат да поднесат Пријава во Центар вработување Велес, секој работен ден од 09:00 до 14:00 часот.
Аплицирањето е продолжено до 31.07.2024 година, односно се до исполнување на предвидениот опфат. За да го прочиташ целиот оглас на Агенција за вработување кликни тука.
Детални информации за мерката може да се добијат во надлежниот Центар за вработување, како и на контакт телефон: 071 329 534, на е-маил адреса: [email protected].
Стефани Манева