Поради сомнение за дилање дрога, двајца Кавадарчани се лишени од слобода

Полициски службеници на Одделение за внатрешни работи Кавадарци, вчера вечер, ги лишиле од слобода З.Ч.(42) и еден малолетник, двајцата од Кавадарци.
-На улица „Тиквешко востание“ во Кавадарци, полициски службеници го затекнале З.Ч. во моментот кога на малолетникот му продава зелена растителна материја, која подоцна била пронајдена кај малолентикот. Потоа, со судска наредба, бил извршен претрес во домот на З.Ч., при што биле пронајдени и одземени зелена растителна материја, кафена цврста материја, 231 семки од зелена тревкаста материја и дробилка. Со малолетникот бил изввршен раговор во присуство на родител и адвокат, а за настанот бил известен и јавен обвинител, соопшти Биљана Ѓаковска портпаролка на Сентор за внатрешни работи Велес.
Според полицијата, по документирање на настанот, против двајцата ќе бидат поднесени соодветни пријави.
