АМСМ: Сообраќајот се одвива отежнато поради појава на голомразица, забрана на неколку патни правци

Објавено: 15 февруари, 2021, во 08:51 часот

straza vlazni kolovozi sneg

15.02.2021

Сообраќајот на државните патишта се одвива отежнато и во зимски услови по влажни коловози, наместа со остатоци од кашест снег на коловозот. Поради ниските утрински температури, има и појава на голомразица.

Авто Мото Сојуз на Македонија известува дека има забрана за тешки товарни возила поради остатоци од снег на коловозотн на патни правци :
Прилеп – Кавадарци преку планинскиот премин Плетвар, Крива Паланка – граничен премин Деве Баир, Од Дебар кон Струга. Во спротивниот правец од Струга кон Дебар нема забрана за тешки товарни возила.

Исто така забрана за тешки товарни возила и автобуси има на патниот премин Тетово – Попова Шапка. Додека од Маврово кон Дебар има забрана за сообраќај на тешки товарни возила со приколка.

-Од 09:10 часот, укината е забраната за сообраќај на тешки товарни возила на патниот правец Битола-Ресен преку планинкиот премин Ѓавато, соопшти Авто Мото Сојуз на Македонија.

Се препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Стефани Манева

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.