Слаткаристика на турнеја во Австралија
Објавено: 8 мај, 2014, во 10:12 часот
Вчера Слаткаристика замина на турнеја во Австралија.
На задоволство на Македонците од континентот на кенгурите, еден од нашите највлијателни артисти ќе има 3 концертни настапи веќе од овој петок.
Тој на 10ти мај е во Сиднеј, а другата седмица на 16ти, во петок настапува во Мелбурн, за во саботата, на 17ти го заврши своето музичко претставување во Перт.
Ова е прв пат Слаткаристика да оди на турнеја во Австралија, а задоволството за неговото присуство и настап пред нашите го покажува преку видеото:

{youtube}https://www.youtube.com/watch?v=kJSEjGgaQwU{/youtube}

