Дојче веле: Пендаровски во сендвич помеѓу Црвенковски и Заев
Двете струи во СДСМ би требало да ги проучат случувањата во Лабуристичката партија на Британија од раните 90-ти години и разрешницата на ривалството помеѓу Тони Блер и Гордон Браун“, сугерира аналитичарот Арсим Зеколи.
Вистинска бура во јавноста предизвика интервјуто на поранешниот лидер на СДСМ, Бранко Црвенковски за Дојче веле, во кое тој одговори на јавните повици да ги изнесе неговите ставови за актуелните предизвиците пред кои денес е исправен СДСМ.
Дел од медиумите експресно го обвинија Црвенковски дека „поддржува сценарија за дестабилизација на државата, со тоа што се приклучил кон сценариото на актуелното раководство на СДСМ за деструктивно делување“. Други фокусот го насочија исклучиво кон неговата изјава дека „во овој момент, ни тој ни Заев не се решение за состојбите СДСМ“, туку личност со голем авторитет и уште поголем обединувачки капацитет, меѓу кои спаѓа и претседателскиот кандидат Стево Пендаровски, за што говорат и неговите изборни резултати кои се поголеми од партиските.
Токму овој став најмногу ја крена температурата во штабот на СДСМ, во кој вчера сите покажаа единство, но само во желбата анонимно да ги рецензираат ставовите на поранешниот партиски лидер. Тие ставови покажаа голема разноликост во пресрет на партискиот Конгрес.
Оценките можат да се поделат во три групи. Според едни, „време е некој јавно да проговори за состојбите во партијата кои постојано се туркаат под тепих“, според други „Црвенковски му нанесува штета на единството пред Конгресот“, според трети „Пендаровски е вистински избор, но сега ќе се најде во незгодна ситуација“.
Текстот во целост прочитај го тука.