Шилегов: Нема манипулации, мандатите им ги вративме на граѓаните
„Во Македонија, после долго време, демократијата ја покажа целата своја убавина. Мандатите им ги вративме на граѓаните.“ Ова е пораката која синоќа преку Фејсбук ја испрати портпаролот на СДСМ Петре Шилегов. Оваа информацина ги растури шпекулациите на провладината медиумска војска дека некои пратеници ќе преминат во ГРОМ или ќе направат независна група и сепак ќе влезат во парламентот, јави Локално.
Вчера и ЛДП соопшти дека Централниот одбор на партијата, со еден глас против и три воздржани, одлучиле да не ги прифатат мандатите за пратеници.
Вчера на нотар беше организирано потпишувањето на изјави на сите 120 кандидати од листите на СДСМ дека не ги прифаќаат мандатите., и со тоа е запечатена играта на власта дека ќе манипулираат со одлуките на на СДСМ да не ги признаваат изборните резултати поради што ги враќаат и пратеничките мандати.