Млади луѓе загинаа во тешка сообракајка кај Битола

Објавено: 5 мај, 2014, во 08:37 часот

На возраст од 17 до 38 години се луѓето кои вчеравечер ги загубија животите во страотната сообраќајка на патот Битола – Прилеп кај селото Лознани, јави Плусинфо по добиените информации од СВР Битола.

Две лица кои се возеле во автомобилот „фолксваген голф“ со битолски таблички, инаку од крушевското село Алданци, се со тешки повреди.

Во судирот на автомобилот „фиат – тофаш“ со скопски таблички со „голфот“ кој се случил околу 20.10 часот животите ги загубиле Д.И. (38) од Битола, Б.Р. (24) од Битола и 20-годишната прилепчанка Ѓ.Ф. (20). Тие биле во фиатот, додека во голфот биле млади лица од Алданци, од кои З.А. (17) и А.Н. (19) загинале веднаш, додека во тешки телесни повреди се здобиле А.Х. (21) и М.Ј. (18).

Причините за ужасната сообраќајка несреќа се утврдуваат. На местото на несреќата вчера увид извршиле јавен обвинител, вешто лице и увидна екипа од СВР Битола. Основниот јавен обвинител наредил да се изврши обдукција на загинатите.

 

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.