Какво време ќе имаме викендов?
Објавено: 3 мај, 2014, во 06:32 часот
Времето денеска ќе биде умерено облачно и нестабилно со врнежи од дожд и ветровито. Ќе дува умерен јужен и југоисточен ветер, а во западните предели ќе дува умерен југозападен ветер.
Ветерот ќе достигне брзина и до 15 км/ч. Утринските температури ќе се движат од 6°C до 12°C, а максималните дневни температури од 12°C до 23°C.
Во недела ќе биде претежно облачно и нестабилно со врнежи од дожд и ветровито. Ќе дува умерен југоисточен ветер кој попладне ќе премине во северозападен, а во западните предели ќе дува умерен југозападен и западен ветер. Утринските температури од 5°C до 11°C, а максималните дневни температури ќе достигнат до 11°C односно до 20°C.




