Повредени две лица во сообраќајна несреќа

Објавено на 2 мај, 2014 во 09:10

Две лица се тешко повредени во сообраќајната несреќа што вчера попладне околу 18.45 часот се случила на патот Кавадарци-мотел Дреново.

Се судриле три патнички автомобили, марка Мерцедес со кавадаречки регистерски ознаки управуван од Б.Б. (1995) година од Кавадарци,  Опел Корса со кавадаречки регистерски ознаки управувано од Б.Ј.(1948) од Кавадарци и автомобил марка Мерцедес со кавадаречки регистерскуи ознаки управуван од А.Б.(1974) од Кавадарци.

 

„Возачот на патничкиот автомобил мерцедес Б.Б од засега неутврдени причини преминал на другата коловозна лента и директно удрил во другите два патнички автомобила. Со тешки телесни повреди се здобиле две сопатнички во патничкиот автомобил Опел Корса , додека со телесни повреди се здобиле возачот на Мерцедесот Б.Б  и неговиот сопатник. По укажаната помош во ЈЗУ Општа болница и двајцата се пуштени на домашно лекување“ информираа од СВР Велес.

На местото на незгодата увид извшриле  јавен обвинител и  увидна екипа од СВР Велес.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.