Грција во кампања за европски избори
Објавено: 23 април, 2014, во 08:30 часот
Во Грција денеска почнува кампањата за европските избори, што се закажани на 25 мај.
Лидерот на опозиционата радикална левица СИРИЗА, Алексис Ципрас изјави дека владејачката коалиција ќе ги изгуби европските избори и ќе биде принудена да распише предвремени парламентарни избори.
Една недела пред евроизборите, на 18 мај во Грција се одржуваат локални избори.


