Кривична пријава против двајца велешани, пронајдена дрога

Објавено на 3 март, 2023 во 10:48
Фото: Архива на Дума.мк

Министерство за внатрешни работи соопшти дека Сектор за внатрешни работи Велес, поднел кривична пријава против дваесет и четири годишниот Н.Т од Велес и две години помладиот В.М од велешкото село Раштани.

Тие се сомничат дека сториле кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“, а против Н.Т. и за сторено кривично дело „овозможување на употреба наркотични дроги“.

-На 09.07.2022, полициски службеници извршиле претрес во домот на Н.Т., при што биле затекнати В.М. и уште две лица на кои Н.Т. им овозможил да користат дрога, соопштија од Министерство за внатрешни работи.

При преглед на затекнатите лица била пронајдена и одземена марихуана.

Стефани Манева

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.