61годишен велешанец возел „фолксваген“ со одземена возачка дозвола, полицијата го лишила од слобода и му го одзела возилото
Објавено: 24 февруари, 2026, во 12:35 часот
При сообраќајна контрола, вчера вечер, во 21:30 часот, на улица „Благој Ѓорев“ во Велес, полициски службеници сопреле патничко возило „фолксваген“ со велешки регистарски ознаки, управувано од К.К.(61) и по преземени мерки било констатирале дека возилото го управувал со изречена забрана за управување на возило од Б категорија.
-По насоки на јавен обвинител, тој бил приведен во полициска станица, возилото било одзeмено и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти Ана Милевска Георѓиева портпаролка на Сектор за внатрешни работи Велес.
Убавка Јаневска


