Ансамбл „Керамичар“ на Меѓународен фолклорен фестивал „Велигденски средби“

Објавено: 9 април, 2026, во 15:28 часот

Со првата фолклорна група и кореографијата „Лазаренки“ велешкиот Ансамбл „Керамичар“ во понеделник, на 13 април, ќе учествува на Меѓународниот мултикултурен изворен фолклорен фестивал „Велигденски средби“ во село Ораовица, кај Радовиш. Фестивалот годинава по 22 пат на втор ден Велигден ќе биде домаќин на голем број на посетители како и на играорци, пејачи и групи, на танчери коишто доаѓаат како од земјава така и од странство.

-Првиот состав на велешкиот ансамбл е подготвен и доволно вешт а кореографијата „Лазаренки“ е дел од македонската традиција посветена на верскиот празник Лазарица со која што се надеваме дека ќе го освоиме вниманието на фестивалската публика и секако на Жири комисијата бидејќи станува збор за Фестивал со натпреварувачки карактер. Па затоа сметам дека можеме да освоиме една од традиционалните фестивалски награди, рече Томе Јаневски претседател на Управен одбор на Ансамбл „Керамичар“.

Кореографијата со која велешките играорци ќе настапат на овој фестивал е само една од повеќето кои се атрактивни како за играње така и за гледачите во публика кога ансамблот настапува на фестивали ширум Европа.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.