Ансамбл „Керамичар“ освои второ место на Меѓународен фолклорен фестивал “Велигденски средби“ во радовишко Ораовица
Објавено: 13 април, 2026, во 18:28 часот
Втората награда ја освои првиот состав на велешкиот Ансамбл за кореографијата „Лазаренки“ која дел е од македонската традиција посветена на верскиот празник Лазарица. Играорките на „Керамичар„ како што најави претседателот на Управниот одбор, Томе Јаневски, го освоија вниманието на фестивалската публика и секако на Жири комисијата.


– Кореографијата Лазаринки, како што веќе реков, само една е од повеќето кои се атрактивни како за играње така и за публика кога ансамбл „Керамичар“ настапува на фестивали како дома така и ширум Европа. Им честитам на играорките на освоеното второ место. Ми причинува задоволство што бевме дел од натпреварувачките вкупно 21 културно уметнички друштва и ансамбли. На домаќините и организатори на фестивалот им посакувам уште многу успешни фестивалски изданија, додаде Јаневски.

Мултикултурниот изворен фолклорен фестивал „Велигденски средби“ во село Ораовица, кај Радовиш се одржа по 22 пат, секогаш на втор ден Велигден. Фестивалот привлечен е за голем број Културно уметнички друштва, Ансамбли, пејачки групи и интерпретатори како од Македонија така и од странство.

Фестивалот посетен е од голем број на публика како домашна така и од Македонци од источниот дел на државата кои работат и живеат во странство но секоја година доаѓаат во родниот крај за да ги одбележат Велигденските празници во кругот на семејството и родните краишта.
Убавка Јаневска



