Без струја уште денеска и утре дел од Велес и населените места во општината, ЕВН ги соопшти причините

Објавено: 24 февруари, 2026, во 11:12 часот
Фото: Архива на Дума.мк

Без електрична енергија во периодот од 08:55 до 13:00 часот, денеска, се граѓаните кои живеа на улиците „Академик Пенчо Давчев“, сите потрошувачи кои се снабдуваат од Трафостаница Речени 1 што воглавно се одесува на жители од истоимената и соседните населби во Велес.

Според Ленче Карпузовска, портпаролка на ЕВН, серијата од неколку часовни исклучувања од електро енергетскиот систем деновиве е поради реализација на Инвестициона програма на електродистрибутивната мрежа.

Исто така, во две населени места во Општина Чашка денеска нема електрична енергија. И тоа непланиран прекин, поради дефект, во село Голозинци додека во Ореше е планиран.  

Во текот на утрешниот ден без електрична енергија ќе бидат населените места во општина Велес како што се Ветерско, Рудник, Лугунци, Крушје, Џидимирци, бензиска пумпа Детоил  на автопат како и Отовицаво временски период 09:15 до 13:30 часот.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.