Исчезна Зоран Петрушевски, роднините бараат помош од граѓаните
На педесет и четиригодишниот маж му се губи трагата вечерта на 27 април, годинава. Тогаш последен пат бил на гости кај соседите. Заминал во својата куќа, влегол го угаснал светлото и тоа бил последен пат кога жителите на селото Стари град го виделе Зоран. Тој бил пензионер и сам живеел.
Кога наредниот ден во куќата дошол неговиот брат го немало Зоран. На масата во кујната бил оставен новчаникот, со пари, лична карта а во домот роднините го пронашле пасошот.
– Зоран не носи никакви домунети со себе. Препоставуваме дека на себе носи црна јакна, сив џемпер и кафеави сомотни панталони, рече сестра му Лидија.
Семејството Петрушевски го пријавиле исчезнувањето на Зоран во полиција. Бил пребаран целиот терен околу селото Стари град. Откако било констатирано дека нему му се губи секаква трага роднините бараат помош од граѓаните.
Доколку го забележите човекот на фотографијата јавете се во полиција на 192 или на мобилниот телефонски број 075 204 862 на семејството Петрушевски.
