Две возрасни лица од Неготино измамени за 3.000 и 4.000 евра

Објавено: 20 февруари, 2026, во 16:10 часот
Фото: Архива на Дума.мк

Седумдесет и шест годишен неготинец , вчера напладне а пет години постара неготинка вчера попладне пријавиле во Одделение за внатрешни работи Неготино дека биле измамени за пари.

-Неготинецот бил измамен од едно лице за сума од 4000 евра. Според пријавеното, лицето побарало од оштетениот да му даде 4.000 евра за да му ги покаже на друго лице, кое го претставил како странски државјанин, дека еврото е валидна валута во земјава. Како што е пријавено, тој му ги дал парите, а лицето му дало чанта со катaнец да ја чува како доказ дека ќе се врати. Откако, оштетениот ја отворил чантата сфатил дека е измамен. 81-годишна неготинка била измамена од едно лице за сума од 3000 евра. Според пријавеното, лицето ја контактирало телефонски, се претставило како лекар и ѝ кажало дека нејзината ќерка во моментот е во болница со скршеница и треба да се изврши оперативен зафат за што требало да плати. Како што е пријавено, таа ги оставила парите на договореното место, а подоцна сфатила дека е измамена. Се преземаат мерки за расчистување на двата настани, соопшти Сектор за внатрешни работи Велес.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.