Издумани Крлевизми: „И глаголот краде се менува од прво лице – еднина, а не од трето лице – множина“
Објавено: 20 февруари, 2026, во 10:05 часот
За заедницата на читатели на Дума.мк пристигнаа и петочните афоризми на афористичарот и сатиричар Атанас Крлевски. Еве што афористичкото перо ви напиша изминатите седум дена:
„Од убавина не се живее – му рече пчелата на немедоносниот цвет“
„Тој што прескокнал ридови , ќе прескокне и планина“
„Крошната без стебло е џбун“
„Огледалото го измислил вториот Нарцис, откако првиот не му ја отстапил реката“
„Коњот е убав, ама оди на фронтот. Магарето е грдо, ама е позадински војник“
„После првата љубов одете на очен лекар. За здравјето се работи“
„Ако насмевката ви е вештачка, џабе ви се убавите заби“
„Сум преспал многу настани со влезен билет. Џабе не сум платил!“
„Љубовта е четврта агрегатна состојба“
„И глаголот краде се менува од прво лице – еднина, а не од трето лице – множина“
Вашиот, Атанас Крлевски


