Издумани Крлевизми: „Кој пие од државна чешма, треба да копа и бунари“
Објавено: 27 февруари, 2026, во 10:53 часот
Петочните 10 афоризми од афористичкото перо на Атанас Крлевски се ставени за читање пред заедницата на читатели на Дума.мк. Афористичарот и сатиричар за овој петок ви напиша:
„Мислев дека ми е ѕвезда водилка, а ми избега на полна месечина.“
„Трчајќи по волците, го сопна една лисица.“
„Калта е р‘ѓа и за златните обувки.“
„Кој пие од државна чешма, треба да копа и бунари.“
„Современа слабост на фактите: никој не ги слуша. Затоа сите зборуваат.“
„Жените се воодушевени од ВИ. Не ги гледа роговите на мажите.“
„Афоризмот е како акопунктурата. Лечи со боцкање.“
„Мојот пат до женските срца е магистрала.“
„Од уметноста има само уметничко име.“
„Порокот е љубов со предзнак – минус!“
Вашиот,
Атанас Крлевски


