Измамено момче од демиркаписко, неготинец ја злоупотребил неговата лична карта за 3,500 евра кредит
Објавено: 18 февруари, 2026, во 16:00 часот
Осумнаесет годишно момче од демиркаписко, кое за паричен надомест прифатило да дели пакети за црквата, пријавило во полиција сомнеж дека е жртва на измама од страна на неготинец.
Момчето, вчера, во 09:45 часот во Одделение за внатрешни работи Неготино, пријавило дека минатата година, во октомври или ноември, маж во Неготино му ја земал и фотографирал неговата лична карта со изговор дека е потребно во постапка за делење на пакети за црквата за што би добило паричен надомест.
Наместо да биде повикан да дели пакети и да добие пари момчето се сомнева дека неговата личната карта била злоупотребена за подигнување на кредит во финансиско друштво.
„Момчето во меѓувреме добило писмо од финаниско друштво за отплата на кредит, подигнат на негово име во висина од 215.731 денари, за кој се сомнева дека истото лице го подигнало со злоупотреба на личната карта. Се преземаат мерки за расчистување на настанот,“ соопштија од Сектор за внатрешни работи Велес.
Убавка Јаневска


