Убиена педесетгодишна жена во Кавадарци
Објавено на 2 мај, 2014 во 08:10
Полицијата го знае идентитетот на жртвата но ќе го открие во текот на денот. Нејзиното тело било пронајдено вчера напладне во објект на улица „Индустриска“ во градот. Случката во полиција била пријавена околу 12.05 часот. Полицијата направила увид заедно со јавен обвинител. На увидот бил повикан лекар кој констатирал дека на телото на жената има знаци на населство по што јавен обвинител издал наредба да биде испратено на обдукција во Институтот за судска медицина во Скопје.
Полицијата има осомничено лица кое е приведено во полициската станица во Кавадарци. Како што дознава Дума.мк, осомничениот, живеел во куќа во непосредна близина на местото каде беше откриено телото на убиената Снежана Т.
