Викендов во Кавадарци едно силување, физичка пресметка и сообраќајна незгода
Викендот кој измина кавадаречката полиција го оценува за тековно нормален и без значајни нарушувања на јавниот ред и мир. Во билтенот од изминатите две деноноќја забележува едно силување, физички напад и сообраќајна незгода без повреди.
Имено во саботата седумнаесет годишната Ј.О.од Кавадарци заедно со нејзината мајка пријавила во полицијата дека била силувана од осумнаесет годишнит Т.С. од село Ваташа. Според пријават,а малолетната Ј.О. била силувана во домот на Т.С. во Ваташа. Од полицијата информираат дека лицето е лишено од слобода,а истрагата за случајот е во тек.
Викендов полицијата примила и пријавата за физички напад од угостителскиот објек. Во физичката пресметка едно лице се здобило со лесни телесни повреди. Регистрирана е и една сообраќајната незгода со материјална штета. Истата се случила на ул.7 септември во близина на мостот, а станува збор за удар помеѓу две патнички возила./А.Д
