Бронзен медел за вината прозиведени од ученици-винари
Трето место и бронза освоија вината на средношколците од СОЗШУ Ѓорче Петров Кавадарци. Општина Александровац во Р.Србија беше нивен домаќин во рамки на саемот на вино на кој покрај ова кавадаречко средно училиште учество зедоа уште 24 други поголеми и мали винарии од поранешните ЈУ простори.
На саемот се учествуваше со презентација на бели и црвени вина. Белите вина смедеревка и црвените мерлот донесоа бронза за квалитетот, но и успехот, залагањата и вложениот труд на учениците.Вината се нивни дела, изработени за време на практичната настава во училишната мини винарија, со целосно залагање на учениците и со помошта од нивните ментори, професорите“ рече директорката на училиштето Божанка Минова.
Учеството на СОЗШУ „Ѓорче Петров“ Кавадарци на саемот за вино во Александровац било иницирано од соработката што кавадаречкото училиште ја имало веќе подолг период со СОЗШУ Св.Трифун од Александровац./А.Д
