Кавадаречката полиција поднесе кривична пријава против поранешен градоначалник на Росоман
Објавено: 19 февруари, 2026, во 15:00 часот
Одделение за внатрешни работи Кавадарци, до Основното јавно обвинителство Кавадарци, поднесе кривична пријава против С.Н.(29) од Росоман поради постоење основи за сомнение дека сторил кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“, казниво по член 353 од Кривичниот законик.
„Во периодот од август 2024 година до септември 2025 година, С.Н. во својство на градоначалник на општина Росоман, во два наврати ги пречекорил границите на службеното овластување и од Буџетот на општина Росоман противправно биле прибавени парични средства во вкупен износ од околу 500.000 денари, кои биле присилно наплатени од извршител за личен долг на С.Н,“ соопштија од Сектор за внатрешни работи Велес.
Убавка Јаневска


