Кумановец измамен за 43.750 евра преку социјални мрежи

Објавено: 27 февруари, 2026, во 12:51 часот

Кумановецот на возраст од 48 години, вчера вечер, во 20:00 часот во Сектор за внатрешни работи Велес ја пријавил измамата за сума од 43.750 евра

-Според пријавеното, тој на социјална мрежа објавил оглас за откупување на крипто валута, а подоцна преку друга социјална мрежа контактирал со лице со кое се договориле во крипто менувачница во Велес да  ги уплати парите, а за возврат да му се исплатат крипто средства. Пријавителот ги предал парите на лице вработено во менувачницата во Велес и му било кажано дека истите се испратени на наведената адреса, но тој на својата адреса не ги примил крипто средствата, а лицето со кое контактирал го избришало разговорот од социјалната мрежа и ги блокирал неговиот број и бројот на менувачницата, по што сфатил дека бил измамен, соопштија од СВР Велес.

Оттаму додаваат дека известен бил јавен обвинител и се преземале мерки за целосно расчистување на настанот.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.