Маж во Росоман тепал невенчана сопруга со дрвен предмет, девер физички нападнал снаа а брат тепал сестра и се заканил на семејството
Објавено: 12 април, 2026, во 15:21 часот
Сите три насилства се случиле во текот на вчерашниот ден. Првото семејно насилство во Одделение за внатрешни работи Кавадарци пријавено е во 12:50 часот по што полициски службеници лишија од слобода 22-годишник со привремен престој во Росоман затоа што во домот физички ја нападнал неговата 22-годишна невенчана сопруга, при што употребил и дрвен предмет. Полицијата го привела насилникот.
Исто така, семејно насилство се случило и во Кавадарци каде С.М.(31) од Кавадарци пријавил дека во дворот од домот, нејзиниот девер И.М. физички ја нападнал. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Сектор за внатрешни работи Велес, за третото семејно насилство пријава примил вчера вечер, во 23:30 часот, кога полициски службеници го лишиле од слобода 24-годишен велешанец, постапувајќи по претходна пријава дека во домот физички ја нападнал неговата 28-годишна сестра и им се заканувал на останатите членови на семејството.
„Насилниците биле задржани во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настаните против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави,“ соопштија од полицијата.

Убавка Јаневска



