На велешани хуманитарно подели 150 оброци со бел грав и лепче од гостилница „Боем“
Објавено: 23 февруари, 2026, во 14:04 часот
Тринаесетта година по ред , гостилницата „Боем“, цел ден ги служеше бесплатно велешани со посен бел грав. Во гостилницата можеа на традиционалниот специјалитет да му се насладуваат гостите додека останатите велешани преку делот за купување на готови домашни јадења да си земат порција од македонскиот специјалитет.
-Со цел да го зачуваме духот на традицијата денеска поделивме 150 оброци со бел грав. Имавме интерес од гости во угостителскиот објект но и од граѓани кои доаѓаа за да си земат спакуван оброк со бел грав, рече угостителот и сопственик Трајче Мешков.
Тој уште рано утринава преку социјалните мрежи ги покани своите сограѓани и во истовреме испрати порака за проштевање во која напиша: „Простете ни за сите ненамерни грешки изминатата година , за секоја задоцнета нарачка , за секое недопечено или препечено парче месо За многу години денот и повелете денес на бело гравче
куќа отворена“.
Убавка Јаневска


