Персонализирано корисничко искуство и иновативна технологија – нова специјализирана IQOS продавница во Велес

Објавено: 20 февруари, 2026, во 13:14 часот

Велес доби ново место посветено на иновативните решенија за возрасни пушачи кои сакаат да се информираат за помалку штетни алтернативи на традиционалните цигари. Новата специјализирана IQOS продавница нуди современо и персонализирано искуство, каде полнолетните потрошувачи можат да се запознаат со најсовремените уреди за загревање тутун без негово согорување и да добијат персонализирана поддршка, практични совети и детални објаснувања за начинот на користење и одржување на уредите. IQOS продавница се наоѓа на улицата Благој Ѓорев бб, локал број 69 и работи секој ден од 10 до 22 часот, освен во недела и на државни празници.  

Просторот е осмислен како едукативен и консултативен центар, во кој посетителите можат да добијат подетални информации за уредите што работат без чад и пепел, како и да дознаат повеќе за научните принципи врз кои се базира оваа технологија. Наместо согорување на многу висока температура, тутунот се загрева на пониска температура, со што се избегнува создавањето на голем број штетни материи што вообичаено настануваат при горење.

IQOS не е без ризик и создава никотин кој предизвикува зависност, но претставува подобар избор за возрасните пушачи кои инаку би продолжиле да пушат. Полнолетните корисници на никотински производи кои сакаат да дознаат повеќе за достапните уреди, можат да добијат дополнителни информации со посета на новата продавница во Велес или на следниот линк.

ПР текст

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.