Полицијата приведе двајца возачи кои возеле со забрана и без возачка дозвола
Објавено: 26 февруари, 2026, во 11:56 часот
На автопатот Градско-Велес, полициски службеници од Сектор за внатрешни работи Велес, вчера вечер во 20:50 часот го лишиле од слобода Р.К.(51) од Прилеп.
„При сообраќајна контрола било сопрено патничко возило „ауди“ со австриски национални ознаки, управувано од Р.К. и по преземени мерки било констатирано дека возилото го управувал со впишана заштитна мерка забрана за управување возило од Б категорија. По насоки на јавен обвинител, тој бил приведен во полициска станица, а возилото било одзeмено и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.“
Исто така вчера утро, во 10:40 часот на регионален пат Кавадарци – Росоман, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода С.Р.(24) од село Бојанчиште, кавадаречко.
„При сообраќајна контрола било сопрено патничко возило „пасат“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од С.Р. и по преземени мерки било констатирано дека возилото го управувал без положен возачки испит. По насоки на јавен обвинител, тој бил приведен во полициска станица, а возилото било одзeмено и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.“
Убавка Јаневска


