Пожар изгоре „бмв“ и опожари гаража во Велес
Објавено: 25 февруари, 2026, во 11:16 часот
Во Сектор за внатрешни работи Велес, вчера доцна попладне, во 18:20 часот, било пријавено дека во гаража на улица „Самоборска“ во Велес настанал пожар на патничко возило „бмв“ со велешки регистарски ознаки, сопственост на Т.Ц.(80) од Велес, во кој била опожарена и гаражата.
-Повредени лица нема, а пожарот бил изгаснат од Територијална противпожарна единица Велес. Увид извршила увидна екипа од СВР Велес, соопшти портпаролката Ана Милевска Георгиева.
Пожарникарите спасители од Територијалната против пожарна единива дојава за пожарот добиле педесет минути пред пријавата во полицијата која гласела дека запалена е гаража на ул. „Самоборска“ бр 7, во близина на Инфективно одделение на ЈЗУ Општа болница Велес. Четворица пожарникари спасители со едно против пожарно возило веднаш се упатиле на локацијата и кога стигнале пожарот го затекнале во развиена фаза. Со брза интервенција возилото било изгаснато.
Убавка Јаневска


