Продолжува традицијата на Мегдан во Велес, одбележан Чист понеделник со бел грав
Објавено: 23 февруари, 2026, во 13:02 часот
Жителите на месноста Мегдан и годинава беа добри домаќини и на чист понеделник го подготвија посното бело гравче со суви чушки. На трпезата поставена во ова маало, во стариот дел на Велес, пречекаа гости со посен грав и посни мезиња. Тоа е нивна стара традиција која се пренесува од генерација на генерација.

Гостин и годинава им беше градоначалникот Марко Колев кој им посака добро здравје и порача да продолжат со негување на старите обичаи по кои Велес е препознатлив.

Чист понеделник се одбележува ден по Прочка и го означува почетокот на Велигденските пости кои што траат шест недели, до еден од најголемите христијански празник Воскресение Христово – Велигден.
Убавка Јаневска
Фото: Општина Велес


