Се запали фабриката за здрава храна „Аронија“ во Велес (фото и видео)

Објавено: 4 август, 2025, во 23:49 часот

Голем оган и чад, е прикажан на фотографијата којшто граѓани ја испратија на Дума.мк тврдејќи дека гори фабриката за здрава храна „Аронија“ која што е на локација во близина на поранешната фабрика за талк „Димче Мирчев“ во Велес.

Пожарот избил околу 19:30 часот велат Велешани кои живеат во близина на фабриката.

Според информации кои тие ги споделија со Дума.мк во гаснењето на огнот учествуваат пожарникари со три противпожарни возила на ТППЕ Велес и ангажирана е цистерна на ЈКП „Дервен“ која постојано прави дотур на вода.

Центар за управување со кризи ја потврди информацијата.

Фабриката за здрава храна „Аронија“ во Велес е дел од компанијата „Мирана“ за производство на маргарин, мајонез и други прехрамбени производи.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.