СВР Велес со апел до граѓаните: Бидете внимателни – не контактирајте со непознати и никому не давајте пари!

Објавено: 20 февруари, 2026, во 16:55 часот

Сектор за внатрешни работи Велес апелира до граѓаните да бидат особено внимателни при комуникација со непознати личности и сите сомнителни случаи да ги пријават во полициска станица.

„Имено, во текот на вчерашниот ден, во ОВР Неготино, евидентирани се два нови случаи на измами сторени на различни начини, при што две лица се измамени за суми од 3.000 и 4.000 евра. Граѓаните да бидат особено внимателни кога добиваат телефонски повици од непознати лица. Напоменуваме дека на овој начин се вршат најголемиот дел од измамите, кога граѓаните се доведуваат во заблуда дека блиски членови на нивните семејства се здобиле со повреди и потребно е да се извршат оперативни зафати за што им се бараат одредени суми на пари, а измамниците во најголем дел од случаите лажно се претставуваат како лекари, полициски службеници и сл. Од почетокот на неделата евидентирани се и повеќе неуспешни обиди за измами, каде сумите кои биле побарани за наводни оперативни зафати достигнуваат и до 35 000 евра,“ пишува во апелот на полицијата.

Оттаму додаваат дека полициските службеници и во претстојниот период ќе продолжат со активностите за расчистување на случаите, како и со засилено темпо да реализираат превентивни активности за заштита од измами, особено за повозрасната популација, која е најчеста мета на измамниците.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.