Велес – „Безбеден град“ (Safe City) од крајот на јули, годинава

Објавено: 19 февруари, 2026, во 10:57 часот

На вчерашната осма седница на Советот на Општина Велес присуствуваше и Извештај за работата на Полициска станица Велес за 2025 година поднесе командирот Ненад Дејаноски. Тој одговори на повеќе прашања од членовите на Советот поврзани со документот којшто беше разгледуван како и на прашања кои не беа негов составен дел.

На прашањето на советникот Димче Ацков кое гласеше:„Кога е планирана имплементација на проектот „Безбеден град“ (Safe city) следеше одговорот на Дејаноски:

„Процедурата Safe city за во Велес е во проектна реализација. Направен е Елаборат и одредено е кај ќе се постават камерите. Не само за Safe city туку и камерите кои што ќе регистрираат прекршоци. Мислам дека за брзо време, не ме земајте за збор, до крајот на јули, годинава, на цело подрачје на Полициска станица Велес треба да го имаме имплементирано проектот. Веќе се поставуваат знаци на местата на кои што ќе бидат поставени камерите. Проектот го работи некој друг а ние само ќе го опслужуваме. Се надевам дека како што ни е кажано, до крај на месец јули и ќе го имаме,“ рече Ненад Дејаноски.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.