Велешанецот Илчевски со тајфата, донатори на 500 оброци и пијалоци на „Прочка“ за своите сограѓани

Објавено: 18 февруари, 2026, во 09:41 часот

Стојан Илчевски од Велес, кој годинава го фати Чесниот и Животворен Крст на празникот „Богојавление – Водици“, положен во водите на реката Вардар заедно со неговиот брат Оливер и тајфата во која беа Тодор и Виктор Колодезни, Мартин Ѓеорѓиевски и Димитар Петров, со кои заедно годинава, влегоа во осветените води на реката Вардар се донатори на 500 оброци и пијалоци по повод верскиот празник „Прочка“.

Нивната донација на 21 февруари, сабота, со почеток во 10:00 часот ќе биде поделена во дворот на црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Велес. Донацијата наречена „Трпеза на љубовта, во чест на денот на простувањето“ е наменета за Велешани.

„Добредојдени се сите,“ порачаа браќата Илчевски и членовите на нивната тајфа.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.