Велешанката Билјана Тодевска е „Вешта жена на град Велес за 2025-та“
Објавено: 14 февруари, 2026, во 12:47 часот
На изборот што се организира низ градовите на популарната манифестација во Велес учествуваа пет натпреварувачки кои ја покажаа својата креативност и умешност. Годинешна победничка е велешанката Билјана Тодевска. Таа ќе го претставува градот на републичката манифестацијата која што ќе се одржи во месец мај во Тетово.

„ Оваа манифестација допринесува кон афирмација на жените во областа на кулинарството и слаткарството, нивно економско зајакнување и охрабрување за започнување на сопствен бизнис,“ соопшти Организација на жени на Велес.
Тие се дел од организацијата на настанот во градот.
Убавка Јаневска


