Возачот на железничката дресина даде изјава а официјално и од СВР Велес (видео)
Во изјавата на возачот на железничкото превозно средство дресина Зоран Петровски, помеѓу другото, рече дека тој го забележал мини бусот и почнал да кочи на околу 200 метри на железничката пруга не но успела да го избегне ударот затоа што мини бусот со патници бил веќе на железничкиот премин а било потребно најмалку 400 метри за да биде успешно запирањето.
Од Сектор за внатрешни работи Велес пак соопштија дека сообраќајната незгода на железничкиот премин кај поранешна „Порцеланка“ била пријавена во 12:01 часот.
„Се случи железничка незгода помеѓу воз на Македонски Железници и такси возило – комбе „мерцедес“ со велешки регистарски ознаки, сопственост на такси компанија од Чашка, а управувано од Д.Ј.(52) од Чашка. Во незгодата со повреди се здобиле 12 патници кои биле пренесени во Општа болница Велес за укажување лекарска помош. Увид извршила увидна екипа од СВР Велес, додадоа од СВР Велес.
Убавка Јаневска