Два дена претежно суво време, но со појава на утрински мразеви
Објавено: 18 февруари, 2026, во 09:09 часот
„Денеска и утре, среда и четврток ,18/19 февруари, во Македонија конечно ќе ни донесат релативно суво но ладно време. Тоа значи дека ќе бидеме под влијание на ладна и претежно сува воздушна маса од север која особено во утринските часови ќе ни донесе минусни температури и појава на утрински мразеви. Облачноста значително ќе се намали а особено во Повардарието и во југоисточните предели денес, среда, 18 февруари, ќе дува силен ветер од северен правец кој повремено и локално ќе достигнува брзина од над 70 км/час.
Преку денот температурите ќе се искачуваат во интервалот од 3 до 11 степени а во Скопје и околината до околу 8/9 степени.
Значително ладно утро со појава на утрински мразеви ќе биде утрешното, четврток, 19 февруари, кога поради целосното разведрување температурите во најголем дел од Македонија ќе се спуштат под нулата а некаде ќе и во интервалот од -9 до 2 степени.
Нови пообилни врнежи од дожд и од снег очекувам во петок, 20 февруари, но детална метео анализа токму околу ова следува во следните мои метео објави,“ соопшти метео прогнозерот Славчо Попоски.
Дума.мк


