Краткотраен дожд и снег во северните предели и засилен северен ветер во Повардарието
Објавено: 24 февруари, 2026, во 08:58 часот
„Денес, вторник, 24 февруари,во попладневните и во вечерните часови во Македонија и тоа особено во северните предели ни следува краткотрајна промена на времето со зголемување на облачноста и локални врнежи од дожд во пониските места (градовите) како и повремен снег на планинските места над 1100/1200 метри надморска височина. Повремен локален дожд ќе има и во Скопскиот регион а на околните планини ќе има повремен снег.
Сето ова ќе биде проследено со повремено засилен ветер од северен правец кој ќе биде најизразен во Повардарието и во источните предели (повремено и локално со брзина до околу 60 км/час).
Максималната дневна температура денес ќе бидат натпросечно висока и ќе се искачува во интервалот од 11 до 18 степени а во Скопје и околината таа ќе се искачи до околу 14 степени,“ соопшти метео прогнозерот Славчо Поповски.
Дума.мк


