Стано: За излез од кризата потребен е дијалог помеѓу власта и опозицијата

Објавено: 7 мај, 2014, во 09:53 часот

Ние сме свесни дека главната опозициска партија е разочарана со изборниот процес и не ги признава резултатите. Ова е несреќна ситуација. Ние претпочитаме ангажман, а не повлекување. Ние ќе продолжиме да ги поттикнуваме политичките лидери да се ангажираат во конструктивен дух за решавање на актуелните прашања, изјави во интервју за Фактор, портпаролот на комесаријатот за проширување на Европската Унија, Петар Стано.

На прашањето дали ЕУ ќе биде еден од медијаторите за надминување на политичката криза во земјава, Стано вели: „Не сакам да шпекулирам за мешање од надвор, туку повеќе сакам да укажам на потребата за конструктивен ангажман и дијалог меѓу владата и опозицијата внатре во земјата“.

Запрашан, дали одржаните двојни избори во Македонија ги задоволуваат демократските стандардите за една држава аспирант за членство во ЕУ,  Стано е дециден: „Во нашата изјава од 29 април (локална  ЕУ-САД изјава), Комисијата ја повтори оценката на ОБСЕ/ОДИХР во однос на ефективноста на администрацијата на неодамнешните избори.

Загриженоста што ја изрази ОДИХР, која се однесува на пристрасното медиумско покривање и замаглување на државните и партиски активности кои не обезбедуваат фер игра, веќе три пати е искажана (2011, 2013 и 2014). Овие прашања сега мора да се решат“.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.