Фактор: Кој ке седне денес во македонското Собрание?
Објавено: 10 мај, 2014, во 08:09 часот
На вкупно 123-ца нови македонски пратеници ќе им бидат верификувани мандатите на денешната конститутивна седница на македонското Собрание, пишува Фактор.
Ова е осмиот состав на Собранието на Република Македонија. Според официјалните резултати од последните парламентарни избори, во новиот состав на законодавниот дом треба да седат 61 пратеник од ВМРО-ДПМНЕ, 19 од ДУИ, 7 од ДПА и 1 од ГРОМ.
На изборите СДСМ и нејзините коалициски партнери освоија 34 мандати, но тие одлучија да ги вратат и да не учествуваат во работата на новиот парламентарен состав затоа што не ги признаваат изборите. За истиот чекор се одлучи и еден пратеник на НДП.

Тие не си ги подигнаа ниту уверенијата за избрани пратеници, па Државната изборна комисија мораше да им ги прати по пошта.
Сепак, според толкувањето на експертите, неприсуството на овие пратеници на денешната седница нема да го попречи конституирањето на Парламентот. Нивните мандатите ќе бидат верификувани од парламентарното мнозинство, а потоа ако сакаат да се откажат тие ќе треба да поднесат оставки на функцијата во Собранието.
Текстот во целост прочитај го тука.

