Дојче веле: Нема евроскептицизам во Македонија

Објавено: 10 мај, 2014, во 08:31 часот

Македонските граѓани се уште веруваат и ја поддржуваат европската интеграција на земјата, сметаат експертите во земјата. Она што загрижува е благата етничка диференцијација и за ова прашање,јави Дојче веле.

Како и во минатите години, автобусот на ЕУ повторно патува низ земјата и ќе ги посети Чашка, Центар Жупа, Шемшево, Ростуше, Јосифово, Новаци, Студеничани, Истибања, Зрновци и Старо Нагоричане. Во Дебар, Охрид, Гевгелија, Кавадарци, Кочани, Битола, Тетово, во Гостивар, Струмица, Крива Паланка и Велес ќе бидат организираат хепенинзи по повод 9 – ти мај, Денот на Европа, со цел да се прослави европската идеја на локално ниво и таа заедно со процесот на европската интеграција да им се доближи уште еднаш на граѓаните во оваа држава.

ДВ ги праша експертите по евроинтеграции: каков е односот на македонските граѓани кон евроинтеграцијата на нивната земја?

Иван Дамјановски, професор по евроинтеграции од Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ од Скопје, истакнува: „Поддршката за македонското членство во ЕУ е се уште исклучително висока, и покрај долготрајниот застој во пристапниот процес. Меѓутоа, ако се погледне распределеноста на оваа подршка во временски опсег од 10 години, забележлив е благ, но постојан пад на подршката на пристапниот процес во последните 5 години. Во периодот 2003-2007 година поддршката за членство во ЕУ се движи во интервали околу 90 проценти, а во последната година таа е опадната на приближно 70 отсто. Овој пад не треба да изненадува, бидејќи е правопропорционален со застојот на македонскиот пристапен процес, кој се одразува, пред сѐ, во неможноста да се отпочнат преговорите за членство. Сепак, погледнато низ споредбена перспектива, подршката на евроинтеграцискиот процес во Македонија е многу висока и како таква е една од највисоките во Европа.“

Текстот во целост прочитај го тука.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.