УХМР: Времето денеска променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Објавено на 9 февруари, 2021 во 08:24

vreme fin

09.02.2021

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, особено попладне. Пообилни врнежи се очекуваат во крајните западни делови. Само на повисоките планини врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува умерен до засилен јужен ветер, на места над 60 км/час.

Од утре, ќе настапи преодно стабилизирање на времето, а во четврток ќе има повремени врнежи од дожд, на повисоките планини од снег, особено во западните делови. Ќе дува засилен југозападен ветер, кој попладне ќе го промени правецот во северозападен.

Значителна промена се очекува од петок, кога ќе продолжи да дува засилен северозападен ветер, а температурите значително ќе опаднат. Поради продор на многу студена и влажна воздушна маса, во деновите од викендот ќе има повремени врнежи од снег. Утринските температури ќе бидат многу ниски, а дневните на повеќе места ќе се задржат под нулата.

Стефани Манева

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.