Медитерански влажен бран ни носи нови дождови и снегови во Македонија
Објавено: 19 февруари, 2026, во 08:39 часот
„Во текот на ноќта, четврток кон петок и во петок, 20 февруари, особено претпладнето под влијание на нов поголем влажен бран од Медитеранот во Македонија ќе има нови врнежи од дожд а на планините и повисоките места, со надморска височина од над 1000 метри, во западните предели, ќе има врнежи од снег со што ќе дојде до зголемување на снежната покривка на планините и на Скијачките центри.
Пообилни врнежите ќе бидат повторно во западните предели каде локално ќе наврнат нови до околу 20 до 25 литри на метар квадратен. Повремено ќе дува засилен ветер од јужен и од југоисточен правец.
И во Скопје и околината во погоре споменатиот период ќе има врнежи од дожд а повремено ќе дува засилен ветер од јужен и од југоисточен правец.
Во петок, на 20 февруари, во попладневните часови врнежите полека ќе престануваат а температурите ќе се искачуваат во интервалот од 2 до 9 степени а во Скопје и околината до околу 6 степени,“ соопшти метео прогнозерот Славчо Попоски.
Дума.мк


