Заев: Сменетите Минчев, Петров, Данева се против мене
По прикаските за расколот во СДСМ кои ги форсираат , нормално, провладините медиуми, па демек иницијативите на одбoрот на Црвенковски си се покажа и изворот на раскарувањето на членството- добро познатиот Бранко Црвенковски. „Се јави БЦ “и си кажа следниот да бил Пендаровски а Заев да си одел !? И шта се баби снило, прв прикаската му ја растури победникот Стево Пендаровски ,и им порача не ме мешајте во вашите кујни, пишува Локално.
Веб порталот додава дека веднаш по настапот во јавноста на БЦ му реплицираше и Зоран Заев, и актуелниот лидер на партијата посочи дека единствен непријател и фокус за победа им е ВМРО ДПМНЕ и ГРУЕВСКИ а она што на СДСМ му треба е само единство. НА СДСМ му требаат и тие на Заев и оние на БЦ тајфата кои плукаат по него и требаат уште толку нови за да се дојде до победа. СЕпак Заев не премолча и ги кажа имињата и на Црвенковски и на тие кои во негово име роварат по партијата. Очекувано тие кои се сменети од раководните функции, од пратеничките листи секогаш се најгласни критичари на новите кои им ги земале позициите и столчињта.
„Нема место за лутење, демократски е да има различни мислења. Не сум ни изненаден. И други мои другари во партијата не ми искажаа доверба на Централниот одбор. Тоа се Горан Минчев, Андреј Петров, Ана Павловска Данева, Јани Макрадули и уште неколкумина. Тие се мои партиски другари и јас апсолутно го почитувам нивниот став без разлика што не ми е во корист. Конгресот в недела ќе покаже дали ќе продолжиме по патот по кој сме тргнале, а тоа делегитимирање на оваа забегана власт“, изјави лидерот Зоран Заев за Нова.
Тој е сигурен дека на конгресот в недела токму тој ќе ја добие довербата од делегатите за да продолжи да ја води партијата.