Поради снег на патиштата, воведена е забрана за камиони и автобуси

Објавено: 20 февруари, 2026, во 09:16 часот

Поради врнежи од снег од 7:40 часот се воведува забрана за сообраќај за камиони и автобуси на патниот правец Тетово – Попова Шапка, соопшти ЈП „Македонија пат“.

За другите видови возила е задолжителна употребата на зимска опрема.

ЈП „Македонија пат“ утрово информираше и дека поради обилни врнежи од снег од 6:50 часот воведена e забрана за сообраќај на камиони на патните правци крак Маврово – Дебар и Гостивар – Кичево преку планинскиот превој Стража.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.