Не очекува лето со абнормални жештини?
Објавено: 3 мај, 2014, во 10:18 часот
Во Европа и Азија ќе има лето со абнормални горештини, предвидуваат германски климатолози.
Според нивните прогнози, 2014 година ќе биде најтопла во историјата на климатологијата, со многу суво време и високи температури.
Ваквата прогноза се заснова на резултатите од проучувањето на „Ел Нињо“, глобалниот атмосферски – океански феномен кој се созадава како реакција на флуктација на движењето на ветришатат и високите температури на водите во тропскиот дел на Тихиот океан. Научниците од овој универзитет успеале да направат потполно нов модел на „Ел Нињо“.
Утврдиле дека „Ел Нињо“ започнал да се формира минатиот септември, што всушност значи дека постојат 76 отсто шанси дека ќе се појави токму ова лето. Според резултатите и на другите светски истражувања оваа година ќе биде најжешка дури и без „Ел нињо“.


