РСЕ:Кремљ – Киев е одговорен за жртвите во Одеса

Објавено: 3 мај, 2014, во 10:57 часот

Кремљ соопшти дека Владата во Киев и нејзините западни поддржувачи се одговорни за жртвите во Одеса. Руските власти признаа дека не знаат како да  одговорат на ваквиот развој на настаните во источна Украина.

Москва не знае како да одговори на растечкото насилство и жали што Западот одобри казнени операции.

Портпаролот на рускиот претседател Владимир Путин, Дмитриј Песков, изрази длабоко сочувство за жртвите и семејствата на загинатите во вчерашните насилства во Одеса.

Повеќе од 30 лица, многумина од нив про-руски активисти, загинаа во пожар во јужниот пристанишен град. Палењето на синдикалната зграда беше кулминација на претходните насилства меѓу про-руските групи и поддржувачите на власта во Киев.

Песков, исто така, рече дека Москва „веќе нема влијание врз луѓето кои зборуваат на руски јазик во источна Украина“.

Портпаролот на Путин вели дека Москва не знае како да одговори на растечкото насилство и жали што Западот одобри казнени операции.

Ослобдени се набљудувачите на ОБСЕ и нивните украински асистенти кои беа држени од страна на про-руските сили во источниот украински град Славјанск.

Тој, исто така ја отфрли идејата дека претседателски избори може да се одржат подоцна овој месец. Таа идеја е апсурдна со оглед на насилство, рече Песков.

Во меѓувреме во Украина се ослобдени набљудувачите на ОБСЕ и нивните украински асистенти кои беа држени од страна на про-руските сили во источниот украински град Славјанск.

Извор: РСЕ

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.